
За зачувување на нашето здравје потребно е внесување на минимум 1,5 до 2 литри вода дневно.
Водата го чисти нашето тело од токсини, ја подобрува дигестијата, го хидрира организмот и го чува здравјето на кожата.
Но постојат ситуации каде водата може да му штети на вашиот организам .
Еве кои се тие ситуации кои мора сите да ги знаете.
-Никогаш не пијте вода после обилен оброк затоа што тогаш желудникот има тежина и доколку додадете вода се ствара надуеност,гасови и може да се појави и болки во стомакот.Тоа е знак дека во него нема повеќе место.
-После физичка активност сите чуствуваме жед и посегнуваме по вода тоа е нормално бидејќи телото преку потењето ги губи течностите. Но мора да знаете дека во тој момент на вашето тело му се потребни натриум и калиум затоа најдобро е да се напиете некој формулиран напиток кој ќе ги надомести електролитите во телото.
-Доколку забележите дека вашата урина е бледо жолта како лимонада тогаш тоа е доволен показател дека веќе вашето тело има примено доволно вода .
-Постојат моменти кога чуствувате премногу жед и постојано имате потреба од консумирање на вода .Но мора да знаете дека доколку вашето тело не ја исфрла течноста редовно може да дојде до главоболка, мачнина и повраќање.










