Home ВЕСТИ Втор смртен случај на коронавирус во Македонија

Втор смртен случај на коронавирус во Македонија

318
СПОДЕЛИ

Втор смртен случај на коронавирус во нашата земја.Ноќеска на клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациент заболен од коронавирус.

Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар.

Кај пациентот дошло до нагло влошување на неговата состојба.

На Клиниката за инфективни болести на 17 март бил примен без покачена температура, но со наод на белите дробови.

По неколку дена неговата состојба се влошила и тој бил ставен на респираторна машина но за жал неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал.