Home ВЕСТИ Италијанците трупаат залихи на храна додека корона вирусот се движи кон јужна...

Италијанците трупаат залихи на храна додека корона вирусот се движи кон јужна Италија

388
СПОДЕЛИ

Во северниот дел на Италија неколку градови и села се под карантин, и од неодамна откажани се сите јавни настани, не работат туристичките атракции, ограничено е движењето на луѓето и сите активности се сведени на минимално ниво освен ако се нема хитна потреба.

Од ден на ден се поголем е стравот на луѓето се поголем е бројот на случаи кои се заразени од вирусот Covid-19.

Утрово властите соопштија дека бројот на заразени се искачи на 325 случаи а бројот на починати лица изнесува 11.

Луѓето од страв постојано се во своите домови и почнаа да ги празнат сите ликални продавници за да можат да имаат залихи од храна и основни средства за хигина за подолг период.

Зарзата со корона се движи кон југот на Италија, се шири и стравот кај луѓето.