Home ВЕСТИ Комисијата за заразни болести предлага затворање на градиниките, училиштата и факултетите

Комисијата за заразни болести предлага затворање на градиниките, училиштата и факултетите

217
СПОДЕЛИ

На денешниот состанок со Министерот за здравство Венко Филипче Комисијата за заразни болести предложи сите градиники, училишта и факултети да бидат затворени во наредните 14 дена.

Филипче овој предлог треба да го достави до Владата која ќе одлучува во текот на денешната седница и истата ќе ја објави.

Забранети се сите јавни масовни собири на отворено и затворено и им се препорачува на повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз .