Home ЗАНИМЛИВОСТИ Додека други паничат, тие се шегуваат: Италијанска слаткарница нуди коронавирус колачи!

Додека други паничат, тие се шегуваат: Италијанска слаткарница нуди коронавирус колачи!

209
СПОДЕЛИ

Италијанските супермаркети со голема брзина ги испразнуваат својте залихи од прехрамбени средства,средства за лична хигиена и останати намирници.

Народот во паника купува и трупа залихи за подолг временски период.

Но додека сите се во паника историската слатката ,,МАНЏИНИ”која се наоѓа во Џенова го краси својот изглед во нови колачиња кои се во облик на коронавирусот-пренесува “La Voce di Genova”.

Тие се нудат во комбинација со кафе за само евро и пол.

Повеќето од луѓето ова го сметаат за невкусна шега, но сопственикот на слаткарата Џакомо Росињоти вели дека сепак треба луѓето и за време на новонастанатиот феномен кој ги одвел сите во параноја да се пошегуваат.

Тој верува овој начин може само да ги поттикне луѓето да гледаат на работите позитивно затоа што сите на крајот ќе завршат со – консумирање на мојата храна.Во колачот тој додал и арома на цвет на портокал затоа што тоа симболизирало надеж.

Џакомо вели дека се надева дека наскоро граѓаните ќе се вратат на своите вообичаени активности и секојдневие,и додаде дека во центарот на италијанскиот град во последните денови имало околу 30% помалку купувачи.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/lifeadvi/portalmk.com/wp-content/themes/Newsmag/includes/wp_booster/td_block.php on line 997