Брзиот ритам на живот и многу бројните активности за егзистенција ни даваат се помалку време да уживаме со нашите деца што предизвикува последици за нашите најблиски.
Можеби децата денес го имаат најскапиот телефон и најскапата облека и многу други материјални нешта но се помалку ја имаат нашата блискост ,внимание среќа и дружба во домот.
Секое слободно време на детето го исполнуваме со часеви по спорт,јазик ,музички содржини а се помалку со нашата родителската грижа и љубов .
А токму тоа им треба на нашите деца ,љубовта која е незаменлива,вниманието и топлината што само еден родител може да ја пружи на своето дете.
Затоа на сите родители им се препорачува да седнат и да разговараат со својте деца,да ги запрашаат дали се тие среќни и што е тоа што ги прави ним среќни ,секоја материјална ствар да ја претвориме во долги прошетки и измамување на нивната детска насмевка,бидејќи тие растат и токму тогаш кога нам ќе ни бидат потребни тие веќе пораснале и играта со нас ќе им стане здодевна.
Секој поминат момент со нашите деца е незаменлив и нивната среќа не може со ништо друго да се замени!