Home ЗАНИМЛИВОСТИ ПРИКАЗНА ЗА ЧЕТИРИ СВЕЌИ – МУДРОСТ КОЈА ЌЕ ВЕ СЛЕДИ ДОЛГО НИЗ...

ПРИКАЗНА ЗА ЧЕТИРИ СВЕЌИ – МУДРОСТ КОЈА ЌЕ ВЕ СЛЕДИ ДОЛГО НИЗ ЖИВОТОТ

624
СПОДЕЛИ

Никогаш не смеете да го заборавите ова...

Убав пролетен ден .Мир и тишина наоколу .Во дневната соба на едно младо момче гореле 4 ри свеќи .Толку било тивко што можело да се слушне нивниот меѓусебен разговор.

Првата свеќа одвикнала: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме сочуваат, мислам дека сега е време да се изгаснам.“ И минута потоа се изгаснала.

Веднаш по неа се јавила и втората свеќа: „Јас сум ВЕРА – за жал, многу луѓе мислат дека не сум неопходна, затоа јас мислам дека нема потреба сеуште да горам.“ Само што го рекла тоа, дувнал лесен ветер и ја изгаснал.

Третата свеќа од жал тивко проговорила: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене и ме ставаат настрана. Тие забораваат да ги сакаат и својте најблиските“ и во истиот миг и таа се изгаснала.

Кратко потоа во собата влегло детето. „Што е ова? Кога ги видело свеќите изгаснати веднаш почнало да плаче.

Кога го видела тоа четвртата свеќа викнала: „Не плаши се, додека јас горам, ќе можеме да ги запалиме и останатите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“

Со истиот момент се појави сјај во очитена детето, ја земало свеќата „Надеж“ во рацете и ги запалило и останатите свеќи.

Пламенот на надежта секогаш треба да тлее во нашето срце, за секој од нас да може да ги одржи верата, мирот и љубовта.