
Поминаа два месеци но од исчезната 28 годишна Марија Брзакова од струмичкото село Босилово нема никава трага.
Нејзиното пријавување за исчезната е на 18 јануари и од тој ден полицијата и јавното обвинителство интензивно работат и активно преземаат мерки.
За нејзиниот случај односно за исчезнувањето разгледани се три можности,односно дека оваа млада мајка навистина е исчезната, потоа постои можност од одземање на сопствениот живот,или пак во краен случај можноста од насилна смрт.
Она што за сега сигурно се знае дека таа не ја поминала државата.
Насекаде има Флаери со нејзини фотографии и контакт броеви каде што секој граѓанин може да се обрати но до сега нема никаква информација.
На листата на исчезнати лица на министерството за внатрешни работи од неодамна се појави и нејзината слика.
За нејзината потрага ловџиите од општина Босилово организираа потрага по ридовите и речните корита и каналите но сетоа тоа без никаков резултат.
Марија Брзакова на 18 јануари го напуштила својот дом и со себе не понела никаков личен документ, телефон ни пари.










