Home ВЕСТИ Заев и Мицкоски негативни на тестот на Ковид-19 – остануваат во домашна...

Заев и Мицкоски негативни на тестот на Ковид-19 – остануваат во домашна изолација

276
СПОДЕЛИ

Уредникот во Канал 5 Гоце Михајлоски е хоспитализиран во ГОБ 8ми септември одкако му беше направен тест за корона вирусот кој покажа дека е позитивен.

Тој направил еден тест на седми Април кој покажал дека е негативен но два дена потоа тој повторно бил тестиран каде тестот покажал дека тој е заразен од корона вирусот.

Двајцата наши лидери Заев и Мицкоски имаа интервју на втори и трети април но од како им беше пренесено дека Михајлоски е носител на корона вирусот тие дадоа изјава дека се добро, немаат никакви симптоми и дека двајцата направиле тест за корона вирусот за кој треба да добијат резултати во текот на денот.

Двајцата ќе мораат да останат во самоизолација 14 дена.