Home ЗАНИМЛИВОСТИ Скинат кондом? Што потоа?

Скинат кондом? Што потоа?

89
СПОДЕЛИ

Единствениот начин од заштитите на сексуално преносливи болести е користењето на кондом.Многу често при негова употреба тој може да се скине но во тој момент треба да бидете подготвени за следниот чекор.

Ако кондомот бил скинат додека вашиот партнер ејакулирал, тогаш постои ризикот од несакана бременост но и од  сексуално преносливи болести особено ако имате сексуален однос со непознат партнер.

Но и да се работи за партер што сте во врска и тој да нема никакви сексуално преносливите заболувања,сепак постои ризик од несакана бременост.

Но додека кондомот се скине и пред партнер да ејакулира, тоа воопшто не значи дека сте заштитени.Затоа што кај мажите се лачи течност која содржи сперма и затоа постои ризик од несакана бременост.

Доколку се случи кондомот да се скине тогаш надјобро е да си набавите апчиња за итна контрацепција кои се викаат  апчиња за ден потоа.

Ги има во сите аптеки и најдобро е да ги испиете што е можно побрзо по сексуален однос.

Веднаш по сексуалниот акт измијте се со топла вода,не користите козметички производи.Иако тоа нема целосно да ве заштити од СПБ,сепак ќе го намали ризикот.

Доколку вашиот партнер страда од некоја сексуална заразна болест, веднаш посетете доктор специјалист и направете тест за HIV вирус две недели по последниот сексуален однос.