Home ВЕСТИ Двајца починати од корона, 49 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Двајца починати од корона, 49 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

269
СПОДЕЛИ

Министерството за здравство денес информираше дека во последните 24 часа има двајца починати од коронавирусот.

На Инфективна клиника во Скопје почина 73-годишен прилепчанец и во локалната болница во Куманово почина 76-годишен пациент.

Направени се 586 тестирања од кои 49 се позитивни на корона вурусот.Најголем број односно 14 лица се од Куманово.

Со овој број на заразени лица вкупниот број во нашата земја се искачи на 760 лица.

685 пациенти се сеуште активни на корона вирусот, 41 лица се излечени а додека 34 пациенти починаа.