
Три лица кои се сместени во државен карантин во Охрид сакале да прават забава и да се дружат сите во една соба па со тоа заработиле кривичнa пријавa.
Едно лице од Битола ,едно од Кавадарци и едно од Берово синоќа во хотелот на брегот на езерото го нарушиле јавниот ред и мир,постапуваќи против здравствените прописи за време на пандемија.
Полискиот службеник кој го контролирал објектот ги предупредил но тие не ги слушале неговите наредби и се обиделе да се префрлат од една во друга соба.
На подрачјето на СВР Охрид во четири објекти моментално се сместени вкупно 228 лицa кои се под задолжителна мерка државен карантин.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски апелира до сите на совесно и дисциплинирано придржување на сите мерки кои се воведени за спречувањето на ширењето на коронавирусот.










