Home ВЕСТИ Еве кога ќе може да одиме во Грција: Продолжена забраната за патување...

Еве кога ќе може да одиме во Грција: Продолжена забраната за патување за некои земји

312
СПОДЕЛИ

Министрите на Грција денес донесоа заедничка одлука за продолжување на рестриктивните мерки односно за забрана на патување поврзани со воздушниот и морскиот сообраќај од странство.

Оваа одлука на Министерствата ќе биде објавена во Службениот весник во текот на овој ден.До 15-ти мај, 2020-та година до 15:00 часот сите летови од Турција,Велика Британија, Холандија, Шпанија и  Италија ќе имаат забрана за влез и излез во Грција.

Летовите од Германија ќе имаат дозвола само на Меѓународниот аеродром во Атина.

Сите граѓани од Македонија нема да можат да патуваат во Грција до 18-ти мај, 2020-та година.