
Денес хрватски Index.hr. го потврди и вториот случај за заразеното лице од вирусот корона.
Всушност се работи за братот на првиот пациент кој беше заразен од коронавирусот .
Тој и неговиот помал брат, кој сега е и второто заразено лице, биле заедно во Милано за да гледа фудбалски натпревар од Лигата на шампионите.
Тој бил исто така заедно со неговата девојка но таа не е заразена со вирусот.
Здравствените власти на Хрватска не информираа дека моментално на инфективната клиника три лица се тестираат бидејќи постои сомнеж дека се заразени со Covid-19.
Моментално во Сплит од Анкона пристигнаа со брод 80 патници, кој ги пречекаа опремени полицајци и санитарни инспектори.










