
Кој се конкретни мерки би требало да ги практикуваме што би не заштитило нас но и нашите најблиски!
-Пред се држете доволно растојание од заболени (еден до два метри) при нивна посета задолжително носење на маска;
-Миењето на рацетe редовно и темелно преставува прво правило (рацете да се мијат најмалку дваесет секунди со сапун, се‘ до рачниот зглоб);
-Да се избегнувај ракување и прегрнување;
-Колку што можете да се самозаштитите од околината: на пример копчињата во лифтот не ги притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката ;
-Избегнувајте ги местата на кои има многу луѓе и јавни собири, одредете свои приоритети;
-Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на семејството затоа што така најелсно се пренесува вирусот;
-Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и носот и воопшто на лицето;
-Кога сте надвор од дома ставете ракавици потоа перете ги или менувајте ги секојдневно;
-Кога искашлувате немојте во дланката, туку во внатрешната страна на лактот;
-Отстранете ги употребените хартиени марамчиња;
-Заштитните маски не се гаранција за ваша заштита.
Затоа што со дишење, маските се навлажнуваат и по дваесет минути заштитната бариера го губи дејството.
Затоа маски би требало да користи само медицинскиот персонал кој е најбиску до овој вирус и има постојан контакт со болни лица;










