Ветерот што ноќеска дуваше со брзина од над 100 километри на час предизвика штета на зградата на МЕПСО,односно одлетаа делови од покривот и фасадата од зградата на МЕПСО, во центарот на Скопје.
Парчиња од стиропор и гипс се паднати и расфрлани насекаде околу зградата и има штета врз службените возила.
„Освен што ова е криминален, страшно кичерајски, болноумен и слично, проектот ‘Скопје 2014’ е и небезбеден и за животите на луѓето“, кажа Шилегов, кој претходно исто така најави дека по изборите ќе ги „реши“ спомениците од проектот.
Менувањето на оваа фасадата на МЕПСО во неокласицистички стил државата ја чинеше 11 милиони евра.