
Поради мерките против корона вирусот во Македонија министерот за здравство, Венко Филипче нареди стадионите и спортските сали во кои ќе се спроведуваат натпревари истите да бидат одиграни без публика барем до нареден петок .Ситуацијата е сеуште алармантна па поради тоа мораме да ги почитуваме наредбите.
На 26-ти март следи важен меч на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите.Победникот од овој дуел ќе игра во финале за ЕП 2020 против Грузија или Белорусија.
ФФМ најавува дека пред неколку дена тие имале состанок во Амстердам и од УЕФА порачано е дека мечот може да се одигра бидејќи кај нас ситуацијата е мирна и не постои заразени од корона вирус.Но поради безбедносни причини и мерките кој се зададени од министерството за здравство кој ние мораме да ги почитуваме доколку дојде до откажување на натпреварот сите средства кои се потрошени за карти истите ќе бидат вратени.
Доколу за жал се одлучи овој настан во арената „Тодор Проески“да се одвива со празни трибини сите ќе бидат предвремено известени.










