
Град Скопје апелира до сите граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, па поради тоа возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
Во изминатиот период односно изминатиот викенд се изречени 57 казни за паркирање околу зеленилото на Водно .
Казните се изречени со цел да се заштити планинското место од преголемо загадување и за да се овозможи непречено и целосна безбедност на движење на учесници во сообраќајот.
Поради зголемената контрола на градските комунални редари овој викенд беше избегнат метежот од возила а сите бесплатни автобуси беа преполни.Бесплатните автобуси 29 тури дневно кон Средно Водно а го искористиле над 4 000 патници .Според бројот на испратени СМС пораки паркингот на Водно викендов го искористиле 376 возила.










