
По долгата болест со шеќерот на Амди Бајрам му беше ампутирана десната нога, до колено.
После операцијата тој е дома со неговото големо семејство кое се грижи за него со големо внимание и љубов.
После операцијата тој вели дека е добар и дека не знаеме што се може да ни донесе животот и дека здравјето треба да ни биде секогаш на прво место.
Тој е доста амбициозен човек, и вели дека ова за него не преставува крај и дека одкако ќе му заздрави раната на ногата ќе намести протеза.
Амди додаде дека за него ова е втор живот и дека повторно ќе учи да чекори во животот и дека е голем борец кој никогаш не се предава.
Амди Бајрам е претседател на Сојузот на Ромите,и вели дека таму е неговиот живот дека никогаш нема да се откаже од политиката.
Верува во напредната медицина и дека неговиот ведар дух никогаш не го напуштил.
За крај на сите ни порачува да се грижиме за нашето здравје затоа што тоа пред се е најбитно за секој човек.










