
Пред извесно време Официјално стапи на сила новиот германски закон за доселување на квалификуван кадар .
Германските претставници се надеваат дека овој закон кој е насочен на вработување квалификуван кадар од странство ќе биде ефикасен во однос на решавањето на дефицитот на германскиот пазар на труд.
Германскиот експерт Томас Либих за германски медиуми изјави дека пред да се воведе новиот закон, само дипломираните студенти од земјите надвор од ЕУ можеле да дојдат во Германија да бараат работа, а претходно да немаа понуда за вработување но одкако се вовел законот квалификуваните луѓе ќе бидат примени но под услов да зборуваат германски и да се способни да заработат за живот во Германија.
-Клучно е што законот ќе се применува без многу административни барања.
-Веќе забележуваме нагло растење за пријави-за вработување во Германија, додало здружението.Добиени се многу барања од Западен Балкан, кој е прв од регионите што е многу важен за нас, затоа што таму има многу добра, квалификувана професионална работна сила,и има многу луѓе кои знаат германски, а тоа е огромна помош во деловната интеграција“, изјави Торстен Ролфсмаер од Федералното биро за вработување.










