
Портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ најави дека испитувањата за вакцината против корона вирусот е во тек но дека за три до четири месеци таа ќе биде готова.
Тој исто така потвтди дека тимови од целиот свет се ангажирани и дека дење и ноќе се работи околу тоа што побрзо да се стигнат до крајните резултати за корона-вирусот.
Овој вирус настана како глобален проблем и поради тоа мора да се внесе глобален напор и подршка и од Цветската банка и од Коалицијата за иновации во спречувањето на ширење заразни болести за да ваа вакцина се реализира што е можно поскоро- додаде портпаролот на СЗО.
Според него до сега потврдено е врз основа на генетската структура на вирусот дека не доаѓа од лабораторија, туку дека до сега се повеќе се зголемуваат докази за поврзаност на овој вирус со слични коронавируси кои се јавуваат кај лилјаци.
Тој додаде дека СЗО е охрабрена од постојаниот пад на болни на бројот на пациенти во Кина, но загрижувачки е бројот на пациенти во другите делови на светот.










