
Министерот за здравство Венко Филипче денес истакна дека се чуствува разочаран поради неодговорноста и непочитувањето на препораките на Министерството за здравство.
Тоа беше упатено за директорката на Клиниката за кожни болести која пред неколку дена беше 4-тиот пациент кој беше потврден дека е позитивен на корона вирусот.
Иако таа била во критичните зони во Италија од кога се вратила не ги почитувала мерките кои се зададени од министертсвото за здраство и продолжила да оди на работа.
За сите овие 5 дена кои таа стапила во контакт ќе бидат пуштени на домашно лекување, односно во изолација ќе бидат 64 здраствени работници и 24 пациенти.
Исто така Венко Филипче изјави дека кон директорката ќе се превземат соодветни мерки и во најбрз рок таа ќе биде суспендирана.










