Хемороидите најчесто се јавуваат како последица на зголемен притисок и проширување на вените во околното ткиво.
Хемороидите се, растегнети и отечени крвни садови на аналното подрачје.
Многумина од нас се срамат да признаат дека го имаат овој проблем сепак кај нас сеуште преставува табу – тема .
Па поради тој срам одбегнуваат да побараат помош и трпат неподносливи болки.
Оваа непријатна појава ја имаат и двата пола .
Се појавуваат како надворешни и внатрешни хемороиди. Дололку се работи за потешката форма на инфекција на хемороидите може да предизвика сериозни компликации што завршуваат со хируршко лекување.
Настанокот и симптомите на хемороидите
Една од најчестите причини поради кои се појавуваат хемороидите се смета дека е напнувањето додека сме во тоалет поради тврдата столица, па затоа редовната и нормална столица е еден од основните услови при лекување и спречување на настанувањето на хемороидите.
Но оштетување на вените на анусот исто така може да се појави и кај обилните проливи предизвикани од болести или од прекумерна употреба на лекови за чистење на цревата.
Кај голем број трудници се појавуваат поблага форма на хемороиди поради притисокот врз цревата, зголемување на волуменот на крвта во карлицата и поради промените во нивото на хормоните.
Како што старееме зачестеноста на појавата на хемороиди се зголемува, така доаѓа до слабеење на потпорните мускули и еластичните нишки.
Сите имаме навика додека одиме во тоалет и седиме на тоалетната школка ги носиме со себе мобилните уреди но долготрајното седење на тоалетната школка му прави „услуга“ на развојот на хемороиди, затоа најдобро е да го оставите мобилниот телефон подалеку од тоалетот.
Хемороиди најчесто предизвикуваат чешање ,печење па дури и неможност за седење.
Внатрешните хемороиди не предизвикуваат голема болка, но кога тие ќе се зголемат може да испаднат од аналниот канал.
Хемороидите можат да станат многу болни ако во нив се создадат згрутчувања, предизвикувајќи ги да се зголемат и да создадат болни отоци околу анусот.
Kожата и слузницата на анусот можат да се иритирани од следниве причини:
– од примање на лекови како што се цитостатици и антибиотици;
– доколку при вршењето на голема нужда не се исчисти убаво аналното подрачје;
– при пролив;
– при користење на агресивна и инвазивна хигиена и сува тоалетна хартија како и нивна енергична и честа употреба;
– од конзумирање на зачинета храна, кафе и алкохол.
Како да се лекуваат и ублажат симптомите
Лекувањето на хемороидите, се разликува во зависност од степенот на развојот на болеста.
Кај поблагите случаи, се спроведува конзервативно лекување, но најважно за лекување е промената на навиките во исхраната, регулирањето на празнењето на цревата, аналната хигиена и, во екстремни случаи, амбулантските зафати.
Кај потешките случаи, потребно е оперативно лекување и хируршки зафати.
Иако хемороидите не се опасни, луѓето кога ќе ги забележат овие чести проблеми со хемороидите, а особено ако забележат крвавење, бараат задолжителен лекарски преглед.
Начинот на исхрана, доволен внес на течности, уредната хигиена се исклучително важни во превенцијата од настанувањето на хемороидите и во нивното успешно лекување.
Сите луѓе чија работа ги принудува на долготрајно седење, треба да имаат квалитетен удобен стол или да користат подлога/перница за да го ублажат напорот.
Се препорачува почесто да се станува и истегнуваат мускулите за да се подобри циркулацијата, исто така, можат да се намалат последиците на хемороидите.