
Весникот „Џерусалем пост“ ја пренесе веста дека Холивудскиот актер Том Круз и неговата екипа која ги снимаат инсертите од филмот „Невозможна мисија 7“ во Венеција деновиве се под карантин поради нагло ширењето на корона вирусот.
Том Круз во Италија пристигнал на 20 февруари поради снимањето на филмот но поради епидемијата тој и целата негова филмска екипа се ставени во изолација во преубавиот хотел „Грити палас“ .
За сега никој од нив не е заразен но снимањето на филмот ќе биде стопирано.
Овој филм требаше да виде завршен во јули следната година но поради вакви ситуациии не се знае дали планираниот термин ќе се потврди.










