Home ВЕСТИ Велешанец доби кривична за криумчарење на 40 мигранти во комбе

Велешанец доби кривична за криумчарење на 40 мигранти во комбе

186
СПОДЕЛИ

Полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции на 26.02.2020 во 23.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки
регистарски ознаки.

Возачот не застанал и со голема брзина продолжил со движење кон Штип.

Во близина на с.Лакавица тој запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти.

Взачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и е задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка.Од како целосно ќе се документира случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.