Home ВЕСТИ Нови 36 случаи со Ковид-19, починати 3 лица, 18 излечени

Нови 36 случаи со Ковид-19, починати 3 лица, 18 излечени

224
СПОДЕЛИ

Во изминатите 24 часа се потврдени нови 36 случаи на корона вирусот.

Две лица кои беа пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа.

Едната од Куманово на возраст од 85 години и другата од Крушево на возраст од  и 77 годинини.Денес исто така ИЈЗ информираше дека пациент кој имал  хируршка интервенција во болницата Филип Втори починал.

Пациентот кој бил позитивен на овој вирус бил од Лабуништа (Струга).

Според градови досега регистрирани случаи на овој вирус има во:

       Скопје – 389
       Куманово – 310
       Дебар – 51
       Штип-32
       Прилеп –103
       Тетово – 48
       Струга – 53
       Велес – 43
       Битола –16
       Охрид –7
       Кавадарци – 4
       Гостивар –12
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-4
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 26
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -2ж

Од клиниката за инфективни болести си заминуваат 11 пациенти кои се излечени и си заминаа во домашни услови,2 лица од болницата во Дебар се во одлична состојба и се излечени,а 2 лица од Кочани и 3 од Скопје кои се лекуваа во домашни услови,по направени два контролни теста се негативни на коронавирусот.Вкупно 18 лица се излечени од овој вирус.