
После несреќата што се случи во кумановското село Романовце денеска почина и 63-годишна жена.Таа беше помеѓу повредените во експлозијата на плинска боца.
63-годишната жена е шеста жртва од експлозијата.На денот на несреќата на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години.По неколку дена подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а пред само три дена на здобиените повреди им подлегна и 36-годишна жена.










