Home ЗАНИМЛИВОСТИ Сопругот на Елена Велеска: Таа има здравствени нарушувања и е опасна за...

Сопругот на Елена Велеска: Таа има здравствени нарушувања и е опасна за околината, децата ќе ги земам јас

319
СПОДЕЛИ

Сопругот на Елена Велеска,Марјан Мирчески потврди дека се разведува од неа и овој пат тоа е дефинитивно и без предомислувања а причина за тоа е нарушеното психичко здравје на пеачката.

Тој исто така тврди дека таа има нарушена здравствена состојба и со тоа предизвикува опасност за него но и за околината.

Марјан исто така за Елена вели дека од ден на ден ситуацијата станувала се посериозна и невозможна и дека таа не може да живее со него и со нивните три деца.На 24-ти таа била пренесена во Прилеп под посебен надзор и терапија кај докторот Пирганоски.Таа во болница била задржана 4 седмици но откако се вратила дома таа не ја примала терапијата и ситуацијата станала неподнослива.Сите нејзини настапи и турнеи биле меѓувремено откажани.

Откако барањето за развод било дадено докторот на Елена обивал да го даде извештајот од болница за нарушеното здравје на Елена со што Марјан сакал да го приложи во Центарот за социјални работи за да му се определи старателството врз неговите деца.