
Со затворски казни и забрана за вршење на својата професија поради сторени кривични дела односно поткуп и примање награда за противзаконско влијание кој е познат под случајот „Еразмус“ се здобија Професори на Економскиот факултет.
Тоа се Бобек Шуклев, Славе Ристевски и Драги Јанев.
Шуклев се здоби со казна затвор од 2 години.За да напише оценка по два предмета тој барал 1 000 евра , а доколку требало да помогне на испит барал секс и придружба во ресторани и трговски центри. Професорите Драги Јанев и Славе Ристевски исто така се казнети со затвор од по две години и шест месеци.
За добивање на оценки тарифите се движеле од 500 до 1 000 евра.За докажување на овие делата се дадени искази на заштитени сведоци, спбрани се материјални докази и ПИ-мерките.
На пофесорите им е одредена мерка забрана за вршење дејност во рок од 10 години при тоа се земени во предвид сите итежнати и олеснителни околности и анализирани се нивниот степен на вина и од кривично-правен и од секаков морален аспект па со изрекување на овие санкции ќе се иствари целта на казната.
Професор Стојан Дебарлиев кој е исто така обвинет моментално е ослободен зашто против него сеуште нема довочно докази за делото кое му се товари.
За асистентот Драган Денковски, кој е посредитеч меѓу студентите и професорите, доделени се две години условна казна но таа ќе ја изврши доколу во рок од пет години стори ново кривично дело и забрана од цели 5 години да ја извршува својата професија.
Оваа акција „Еразмус“ се спроведе на 6 јуни 2016 година на Економскиот факултет.Пред да бидат обвинети осудените предходно биле под посебни истражни мерки две години.
Акцијата при апсење се одвиваше со зголемена полициска акција на паркинг кај комплексот факултети по најава дека токму тогаш сигурно ќе се случи примопредавање на поткуп и еден од примателите е уапсен со мито од 1000евра – обележани пари .
Ова е голема срамота за лице во образовниот процес.
Наместо да се работи повеќе на општествената одговорност и пред се свесноста се покажува сосема спротивното односно неодговорно и недозволиво однесување.