Home ВЕСТИ Регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјава, починати се тројца пациенти

Регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјава, починати се тројца пациенти

246
СПОДЕЛИ

Во последното деноноќие пизитивни на корона вирусот се регистрирани нови 18 случаи.

На Клиниката за инфективни болести пациентката која беше примена на 29 март Лабуништа на 46 годишна возраст вчера почина.

Таа била на подолг временски пердиод на механичка вентилација.

Втор починат пациент е на 71 годишна возраст  од Прилеп кој бил на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ соопшти дека  пациентка од Куманово која била на 63 годишна возраст починала.

Таа била донесена во тешка состојба на 6 април и веднаш била поставена на респираторна машина.

Со новата бројка на ново заразени со ковид-19 сега бројот во нашата земја изнесува 1225 , а по градови е:
       Скопје – 411
       Куманово – 338
       Дебар – 51
       Штип-34
       Прилеп –117
       Тетово – 57
       Струга – 55
       Велес – 59
       Битола –17
       Охрид –15
       Кавадарци – 4
       Гостивар –13
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-4
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 27
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -2
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2
       Пехчево- 1