Министерот Филипче на последната прес конференција изјави дека се затвора аеродромот во Охрид и се забранува влез на сите странски државјани од држави со висок и со среден ризик освен за оние лица за кои МВР ќе даде дозвола ако постои посебен државен или економски интерес.
Се затвораат сите продавници освен супермаркетите, продавниците за храна и аптеките.
Може да се врши продажба само преку онлајн нарачка или со достава додека нарачки за храна ќе се подигнуваат самостојно.