
Попладнево беа извршени нови 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Од вкупно 38 тестирани пациенти 7 од нив се позитивни на коронавирусот.
Само денес бројот на заразени се искачи на 11 нови позитивни случаи.
Со денешната бројка на на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Нивната состојба е стабилна.










