Home ВЕСТИ Училиштата мора да набават средства за хигиена, инспектори ќе проверуваат на терен

Училиштата мора да набават средства за хигиена, инспектори ќе проверуваат на терен

246
СПОДЕЛИ

Денес министерот за образование Арбер Адеми кон сите училишта упати предупредување дека во секое од нив мора да има основни средства за хигиена, во спротивно ќе има санкции.

По појавата на Ковид-19 во земјава државата им префрла пари на општините за да набавуваат сапуни и дезинфекциони средства, па да се увиди дали ова се почитува инспектори од министерството уште денеска ќе ги контролира сите образовни установи, најпрво ќе се почне во Скопје.

-Училиштата се финансираат од државата, а парите не се само за плата, туку и за режиски трошоци меѓу кои и за средства за дезинфекција и хигиена , изјави министер за образование.

Во меѓувреме најавено е дека сите екскурзии на скопските средношколци во ризичните земји се одложени на неопределено време.

До крајот на оваа неделава во сите средни училишта во Скопје треба да се одржат едукативни предавања како децата да се заштитат од коронавирусот.