
Зголемена е заштитата кај пограничните служби .Тие со заштитни маски на лицата и заштитни ракавици,ги пречекуваат и испраќаат сите патници кои го минуваат граничниот премин Богородица на македонско грчката граница.
Со секој странски државјанин поединечно се врши информативен разговор.Од каде тој доаѓа ,дали осеќа некој од симптомите кој што се наведени за коронавирусот и слично.
Фреквенцијата на преминот е вообичаена и до сега не е пристигнат патник од критичните подрачја каде има регистрирано случаи на заразени од корона вирусот.
Јасмина Аврамска – командир на ГП Богородица денес изјави дека граничарите ги почитуваат насоките од министерството за внатрешни работи и од министерството за здравство. Тие носат маски и нараквици и секаква заштитна опрема која е потребна и дека редовно се врши дезинфекција на сите кабини на граничниот премин.










