Home ВЕСТИ Зголемена потрошувачка во маркетите, нема маски и средства за дезинфекција

Зголемена потрошувачка во маркетите, нема маски и средства за дезинфекција

271
СПОДЕЛИ

По појавата на првиот случај на коронавирусот во нашата земја се зголеми побарувачката на маски, гелови за раце и алкохол за дезинфекција, пак, ги остави аптеките без овие производи.

Посетивме неколку маркети вработените велат дека вчера во попладневните часови граѓаните масовно купувале храна и средства за хигиена за подолг период.

На некои продажни места за два часа се трошеле и до 400 тини дезинфексицки средства за раце или пак целата количина што тие ја имале на залиха.

За поголемиот дел од граѓаните паничниот шопинг и празнењето на рафтовите е непотребен.

Денес на социјалните мрежи граѓаните споделуваат фискални сметки, за кои сведочат оти цената за една хируршка маска е зголемена од 4 на 15 денари.

Од организацијата на потрошувачи ги замолуваат трговците да не ја користат ситуацијата, да не ги поскапуваат производите кои во моментов се најбарани и напотребни и јавниот интерес да го стават пред профитот.