Поради појавата на корона-вирусот во нашата земја се откажаа карневалите во Струмица и Прилеп кои беа закажани за викендот. Натпреварот Вардар – Монпелје во Скопје нема да го следат ракометните фанови денес во живо.Салата Јане Сандански ќе остане без публика, а истото ќе важи и за останатите спортски настани кои се закажани во наредните седум дена.
Се препорачува сите сите поголеми јавни собири до 6 март да се откажат. Владините препораки важат и за културно уметнички и забавни манифестации, а сите доколку планираат такви активности да се консултираат со Комисијата за заразни болести.
– Во затворен простор ризикот на пренесување од инфекцијата е поголем, меѓутоа истото е и за отворен простор ако дистанцата меѓу луѓето е приближно мала, а тоа е безбедна дистанца од 1-1,5 метар, што на карневал во Струмица и Прилеп е невозможно да се почитува изјави Венко Филипче, министер за здравство.