Home ВЕСТИ Вирусот што го исплаши светот.Зошто коронавирусот е особено опасен за трудниците?

Вирусот што го исплаши светот.Зошто коронавирусот е особено опасен за трудниците?

131
СПОДЕЛИ

Сите медиуми зборуваат за овој опасен вирус што пристигнува од Кина и за негова заштита.

Овој вирус предизвикува пневмонија и не реагира на антибиотици.

Ќе наброиме неколку работи што е добро да ги знаеме за коронавирусот:

Што е коронавирусот?

Најпрво треба да знаете дека овој вирус прв пат се појавил кај животните па потоа кај луѓето. Вакви случаи се многу ретки па затоа овој вирус научниците го нарекуваат зооносис вирус.

Симптоми на коронавирусот

Коронавирусот најпрво ги напаѓа горните дишни патишта и се манифестира со симптоми слични на настинка: течење на нос, кашлица, болки во грлото, а често и главоболка и покачена температура што може да траат неколку дена.

За оние што имаат послаб имунолошки систем, постои шанса вирусот да предизвика посериозни респираторни заболувања, како пневмонија и бронхитис кои може да бидат смртоносни за луѓето.

Како се шири коронавирусот?

Научниците од СЗО сметаат дека МЕРС потекнува од камили, додека САРС се претпоставува дека потекнува од мачки.

Овие вируси се пренесуваат од човек на човек преку секретите и во зависност од тоа колку е агресивен вирусот, тој може да се пренесе со кашлање, кивање, дури и ракување. Вирусот може да се пренесе и со допирање на предмети што ги држело заразеното лице, особено ако потоа ги допирате устата, очите или носот.

Медицинските работници може да се заразат преку медицински материјали што ги користел заразениот пациент.

Лекување на коронавирусот

Сеуште не постои специфичен третман . Можеме да ги ублажиме симптомите со лекови против болки или треска многу течност, одмор и сон. Пациентите чии симптоми се влошуваат треба да се хоспитализираат.

Коронавирусот и бременоста

Кај бремените жени коронавирусите, може да бидат особено опасни и да предизвикаат сериозни последици. Според истражување од 2014 година, бремените жени заразени со МЕРС може да родат мртво дете. Болестите поврзани со САРС се поврзани со случаи на спонтани абортуси, сериозни болести и смрт на мајките, покажало истражување направено во 2004 година.

Превенција

Во тек се испитувања за вакцина.Единствениот начин да се спасите од вирусот е да се спречи контакт со заразеното лице, како и избегнување често допирање на устата, носот и очите. Исто така, добро би било да ги миете рацете темелно најмалку 20 секунди.