Една учителка од Австралија во една чинија измешала вода, масло и бибер и на децата ја претставила оваа мешавина како „вирус” на најдобар можен начин а во друга чинија ставила сапун со малку вода. Со тоа таа сака да објасни колку е важно миењето на рацете.
Кога децата го ставале прстот во садот наречен „вирусот”, тој воопшто не се поместувал, односно бил насекаде околу нив и нивниот прст.
Кога децата првен го ставале прстот во садот со сапун, а потоа го ставале во чинијата со „вирусот”, тој веднаш „бегал” од нив.
Ова е добар пример кој ни покажува колку е важна хигиената посебно секојдневното миење на рацете.