Home ЗАНИМЛИВОСТИ Позитивни страни на врската на далечина

Позитивни страни на врската на далечина

343
СПОДЕЛИ

Tипот врска на далечина од секогаш будела романтични предизвици.

Поради факултетското образование или работни обврски, многумина од нас се соочиле токму со оваа љубовна препрека. Некој овие разделби ги мине многу тешко бидејќи сваќате дека ќе го нема вашиот сакан покрај вас секогаш кога ќе ви е потребен и дека долгите онлајн разговори не се замена за неговото физичко присуство. Многумина од нас исто така сметаат дека врската на далечина е невозможна мисија но има парови кои сето тоа го минат без проблен затоа што сваќаат дека нивната љубов е посилна од се и дека после нивната одалеченост тие се осеќаат уште позрели.

Но знајте дека љубовта која е на растојание има свои позитивни страни:

-Сексот е лепак кој ја спојува врската и за зајакнува и ретко која врска може да успее доколку сексуалниот живот е непостоечки, редок или е со незавиден квалитет но верувајте ми дека квалитетот на емотивната поврзаност и чуството на посакуваност е битниот факт кој ги тера партнерите да се приближат еден кон друг. Таа емотивната поврзаност е бесценета.

-Ретките но драгоцени мигови кои партерите во далечина ги имаат тие ги ценат многу повеќе и прават да траат засекогаш!!Токму тие моменти вниманието што тие си го посветуваат е многу поголемо одколку партнерите кои се постојано заедно и „се земаат здраво за готово“ .Вашите патувања ,вашите разговори,вашите планови се ви изгледа како една бајка која сакате долго да трае.

-Интимните средби помеѓу партнерите кои функционираат од далечина се неспоредливи и страсни! Континуираниот копнеж за физичка блискост кои го чуствувате подолг период го зголемува вашиот сексуален апетит.Физичката разделеност често го тера партнерот да фантазира и сонува за својата интима со вас и токму тоа ги прават ретките средби поспецијални

-Доколку успеете навистина во предизвикот кој е наречен врска на далечина тогаш не постои сомнеж дека вие сте створени еден за друг.Вие сте изградиле врска која поминала низ многу лекции и вашата љубов се базира на меѓусебна доверба без која врските не можат да успеат.