Home ЗАНИМЛИВОСТИ Во секоја врска има пет фази, а третата најчесто ја надминуваат само...

Во секоја врска има пет фази, а третата најчесто ја надминуваат само најсилните парови

525
СПОДЕЛИ

Докажано е дека сите парови кои се во врска минат низ пет фази а една од нив е критична. И се верува дека додека парот ја поминат критичната фаза и останат заедно тие се створени еден за друг.

Првата фаза е откривањето на вашата меѓусебна љубов.Постајаните емоции и пеперутките во стомакот се вашето секојдневие.Секој ваш допир е посебен ,постојано гледате на вашиот мобилен и очекувате порака исполнета со љубов.

Втората фаза во животот е така наречената мирна фаза и тука двојката целосно си верува еден на друг .Некој од нив се селат и живеат заедно ,секојдневно ги разменуваат својте моменти од денот си делат совети еден на друг си укажуваат на својте грешки и од крајот на денот заспиваат во прегратка.

Третата фала е рутина и разочарувања.Вие сеуште чуствувате љубов но некако ви фали слободата која сте ја имале предходно. Секојдневните обврски,сметките,работата и на крајот од денот мислите дека ви фали романсата која сте ја имале со партнерот предходно и мислите дека полека почнувате да се одалечувате .Но тука е таа фаза кога не смеете да престанете да се трудите еден за друг и не смеете да се разочарувате.Дајте си повеќе време за вас двајцата и надминете ги негативностите.

Четвртата фаза е фаза на стабилност во врската кога сваќате на кого и каде му е местото и дека секој си има свое хоби свои обврски но и негативности на кои треба да си дадете простор да се навикнете еден со друг но и простор за себе.Крајот од денот завршете го заедно во кревет.

Крајната фаза е фазата на посветеност кога ќе сватите дека еден без друг не можете .Дека за една работа да биде завршена ви фали тој/таа.Дека не можете да сватите и прифатите подруга врска од онаа која веќе ја имате.