Home ВЕСТИ Луѓето со белодробни болести не треба да се обврзани да носат маска...

Луѓето со белодробни болести не треба да се обврзани да носат маска за лице

523
СПОДЕЛИ

Експертите велат дека луѓето кои се заболени на белите дробови не би требало да носат заштитни маски ако тоа им предизвикува проблеми со дишењето.

Според лондонски „Дејли меил“, британската Влада препорачува на населението да носи маски само во случаи кога е  самата ситуација не дозволува потребно растојание од најмалку два метра во однос на другите луѓе.

Кај луѓето кои имаат астма, хронична опструктивна белодробна болест или цистична фиброза може да имаат проблем со дишењето доколку интензивно носат маска и тие можат да доживеат напад.

Но другата негативна страна од неносењето на маска пациентите кои се заболени на  белите дробови се во критична група и се соочуваат со зголемен ризик од сериозната болест Ковид-19 и доколку се заразат тие лесно можат да го пренесат вирусот на другите лица околу нив.

Носењето заштитна маска на лицето е задолжително во повеќе европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Австрија, Чешка и Словачка.