Home ЗАНИМЛИВОСТИ Дали знаете дека мажите имаат повеќе бактерии во брадата отколку во крзното...

Дали знаете дека мажите имаат повеќе бактерии во брадата отколку во крзното на кучињата?

390
СПОДЕЛИ

Следи една лоша вест за мажите кои се љубители на својата брада.

Дали знаете дека научниците откриле голем процент на бактерии во брадата на мажите одколку во крзното на едно куче?

Половина од тие бактерии се опасни за здравјето на луѓето.

Додека се вршело истражувањето во неколку европски болници биле земени примероци од кожа и плунка од 18 мажи со брада на возраст од 18 до 76 години и примероци од крзното и плунката на 30 кучиња, од разни раси како шнауцер до германски овчар.

– Научниците откриле многу повисоко ниво на бактерии кај примероците од машка брада отколку кај крзното од кучиња – изјави професорот Андреас Гуцајц од швајцарската клиника „Хирсладен“.

Кај седум од испитаните мажи биле пронајдени бактерии што претставувале голема и сериозна закана за здравјето на луѓето.

Станува збор за „Enterococcus faecalisu“, тоа е цревна бактерија што најчесто предизвикува инфекции кај уринарниот тракт на луѓето и неколку случаи на „Staphylococcus aureusa“, бактерија што најчесто се наоѓа на кожата или слузокожата кај 50 отсто од луѓето, кои може да предизвика сериозни инфекции ако се најде во крвотокот.

Одкако кучињара ги користеле скенерите на МРИ, имало значително помалку бактерии отколку откако ги користеле луѓето.

Истражувачите го спровеле тестирањето на кучиња што нивните сопственици ги носеле на редовен рутински прегледи на магнетна резонанција во обид да детектираат потенцијални нарушувања во мозокот или ‘рбетот.

Со оглед на тоа што МРИ-скенерите се прескапи за повеќето ветеринарни амбуланти, тестирањата биле спроведени на Одделението за радиологија на една европска болница која секоја година се вршат околу 8.000 снимања.

И покрај големиот број бактерии што се наоѓаат во брадата на мажите, научниците истакнале дека со истражувањето не сакаат да им порачаат на мажите веднаш да ја остранат нивната брада, туку нивната намера била да ја предупредат администрацијата на секоја болница дека пациентите оставаат многу повеќе потенцијални заразни бактерии на различни болнички површини и дека нивната стерилизација и дезинфекција не е доволна за решавање на овој проблем.

Треба да се фокусираат на клучната точка на истражувањето – недоволна болничка хигиена поради која пациентите можат да се најдат во усште поголем ризик.