Home ВЕСТИ Сведочење на хирургот: Боки 13 сакаше од 130 килограми да има 70,...

Сведочење на хирургот: Боки 13 сакаше од 130 килограми да има 70, ја тераше и Катица Јанева да се оперира

326
СПОДЕЛИ

Продолжува рочиштето за случајот ,,Рекет”а како сведок во сведочењето беше повикан хирургот во приватната клиника Аџибадем Систина Тони Јосифовски.

Хирургот при сведочењето одговорил дека само два пати се има сретнато со Боки 13 пред операцијата во 2016-та и 2018-та година. Тој откри дека два пати го оперирал Боки 13 кој во тоа време имал 130 килограми, а сакал да има 70 килограми. Хирургот додаде дека имал средба со обвинетиот и надвор од болницата, во кафуле и во домот на Јовановски, одбраната го прогласи за непријателски сведок и продолжи со вкрстено испрашување.

Понатаму, откри дека на Јовановски му вршел преврски во неговиот дом поарати тоа што пациентот не сакал да доаѓа во болница. На прашањето дали бил на гости кај Боки 13 заедно со Ана Камчева, хирургот негираше, истакнувајќи дека тоа е лага.

Хирургот Јосифовски одговори дека Боки 13 како задоволен пациент започнал да им препорачува и на други лица да ја намалат телесната тежина со стеснување на желудникот. На прашање на Бојан Јовановски дали Јанева не сакала да се оперира, а хирургот ја терал да се оперира во болницата на Камчев, сведокот Јосифовски одговори: „Вие ја теравте да се оперира и баравте алтернативни патишта“.

Јосифовски нагласи дека не ја оперирал Катица Јанева, ниту пак разговарал со второобвинетата за финансиската конструкција.

Со сведочењето на хирургот од клиниката „Аџибадем Систина“, одбраната на Бојан Јовановски се обидува да докаже дека Орце Камчев врз чија што пријава беше оформен случајот „Рекет“, нудел скапи услуги во приватната клиника за да ја подмити Катица Јанева како шефица на СЈО и да биде ослободен од прогон за „Империја“ случајот .