Во Бугарија изминатиов период без работа останаа над 70.000 луѓе.Премиерот Бојко Борисов во средината на март ги повика сите газди кои ги оставиле својте работници без работа и ги избркале да „продадат” еден од својте скапи автомобили и да им дадат плата на работницте.
Престанете цело време да барате помош од државата и погрижете се за својте вработени-додаде тој.
Борисов објави и број од сите автомобили со цел да укаже на тоа колку се богати сите газди во негобата земја.
Во Бугарија до сега има: 3 автомобили „Бугати“ – „како оној на Роналдо рече премиерот Бојко Борисов во видео кое го објави на неговиот Фејсбук профил.
Тој изнесе податок дека во „сиромашна Бугарија“ газдите се сопственици и на 84 „ролс ројс“, 54 „мајбах“, 22 автомобили “мекларен“, 123 „ферари, 87 „ламборџини“ 241– „бентли“, 311 „масерати“ и 5.000 автомобили „порше“.