
КАМ маркетите ги замолуваат сите купувачи кои доаѓаат да пазаруваат кај нив да нема претерување во набавка на намирници и тоа да биде со залиха само за една недела, поради тоа што како што информираат од продавниците на кам тие функционираат со истите ресурси како и од претходно, и во овие услови на зголемена потрошувачка поради ситуацијата во државата нема да биде солидарно со купувачите кои ќе дојдат после вас – стои во самото соопштение кое го објавија Кам маркетот на својата страна на Фејсбук.
КАМ соопшти дека ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 8 и 30 до 19 и 30 часот, во сабота од 8 и 30 до 18 часот, а во недела од 8:30 до 16:00 часот.
Доколку процесот на снабдување на маркетите неќе можат краткорочно да го обезбедат велат дека ќе бидат приморани краткорочно да ги затворат маркетите со цел да ги надополнат со стока.










