Двегодишно дете е најмладиот пациент заболен од коронавирус во нашата земја.
Денес министерот за здравство Венко Филипче ја потврди веста .
Исто така тој додаде дека и родителите на детето се позитивни на коронавирусот и се од градот Скопје.Тие се со лесна клиничка слика и се пуштени на домашно лекување.
На денешната прес-конференција министерот на прашањето како ова семејтво се заразило кажа дека ова семејство било заболено како резултат на локална трансмисија.