Home ВЕСТИ Чулев: Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до десет дена

Чулев: Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до десет дена

272
СПОДЕЛИ

Министерот Наќе Чулев кој денеска беше во посета на СВР Тетово изјави дека оваа недела ќе пристигнат пасоши од Германија односно најдоцна до 24 Март.

Германската фирма Веридос која ги обезбедува овие пасоши е под постојан притисок и од нивна страна е ветено дека пасошите треба да бидат готови најдоцна за 10 дена.Треба да пристигнат над 100 илјади пасоши .

За да се задоволат сите потреби кон нашите граѓани потребно ќе биде да се зголеми бројот на извршители кој ќе бидат потребни за издавање и изработка на самите пасоши

.Пресметано е да е издаваат услуги до три илјади пасоши дневно бидејќи досегашната побарувачка за нови пасоши изнесува над 28 илјади.