
Во изминатите 24 часа во нашата земја се регистрирани нови 24 случаи на коронавирус информира Министерството за здравство.
Новозаболените лица од изминатите 24 часа се од : Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Сега вкупниот број во нашата земја заболени од овој вирус до 12:00 часот изнесува 201 лица.
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)










