Home ЗАНИМЛИВОСТИ Ја нарекле себична к*чка бидејќи купила храна во износ од 1.100 долари,...

Ја нарекле себична к*чка бидејќи купила храна во износ од 1.100 долари, а таа им одржала лекција

390
СПОДЕЛИ

Американката Стефани Рајмер Витакер поминала четири часа со список во раката во маркет купувајќи намирници за шест семејства.Сите од нив биле семејства односно нејзини комшии кои биле со мали деца,дел од нив биле лица со посебни потреби,семејства со самохрани мајки кои работат како медицински лица и дел од нив биле нејзините родители,нејзина баба и дедо.Но кога отишла на каса со колички преплавени од храна луѓето околу неа на глас ја нарекувале дека е себична кучка која потрошила 1100 долари за храна .

Но поради нејзиниот револт таа решила да ја објасни ситуацијата поради која се чуствувала навредено и споделила слики на својот профил како после четири часа во маркет и исто толку часа заедно со нејзиниот сопруг ги одвојувале сите намирници по потребите на семејствата и ги доставиле до нивните врати.

Таа на својата објава пишала дека никој не смее да се осудува за постапките што ги прави ,дека таа не испразнила ниту една полица во супермаркетот ,дека не земала на никој ништо ,туку со тоа што го направила треба да биде пример за другите и дека немаат сите лоши намери ,тие секогаш биле од помош на нивните комшии како и овој пат.На нејзината објава добила само пофални зборови дека таа и нејзиниот сопруг се неверојатни ,со златно срце и дека треба да бидат пример за другите .


Warning: A non-numeric value encountered in /home/lifeadvi/portalmk.com/wp-content/themes/Newsmag/includes/wp_booster/td_block.php on line 997