Останувањето дома точно дека е најдобрата превенција, но неопходно е и да испазарите или да отидете до аптека минимум еднаш во неделата.При излегувањето на домот ќе ви наведеме неколку клучни правила.
Постапки при излегување од дома се:
– Кога излегувате од дома,задолжително облечете јакна или било што да е дебело и со долги ракави.
– Ставете капа или доколку немате задолжително соберете ја косата во пунџа.
– Не носете ниаков накит.
– Ако сте решиле да ставите маска, ставете ја непосредно пред излегување но најдобро е да ставите шал.
– Избегнувајте користење на јавен превоз, доколку е тоа можно.
– Ако излегувате со миленикот, тоа да биде кратко и колку што можете не се движите во места каде што има секојдневна фрекфенција на луѓе.
– Понесете марамчиња за дезинфекција и користете ги по употребата со плаќате на пари и по заминувањето на секој маркет.Искористените марамчињата потоа фрлајте ги.
– Ако кашлате или кивате,задолжително тоа правете го во лактот.
– Никако не го допирајте лицето пред да стигнете дома и темелно да ги измиете рацете.
– Бидете оддалечени од другите луѓе минимум 2 метра.